Нова измама на Фејсбук: Наводно се продаваат телефони за 125 денари

Повторно на социјалните мрежи се појави профил според кој се продаваат мобилни телефони за само 125 денари, иако тоа не е вистина.

Ова е уште еден профил на Фејсбук, кој се обидува да дознае лични податоци од страна на корисниците со измама.

Претходно на социјалните мрежи се појавија идентични реклами на кои наводно се продаваа телевизори, компјутери и останати електронски апарати за ниски цени.