Нова градинка и реконструирани училишта - На големо се работи на образовната инфрастуктура во Аеродром

По летните месеци, поточно, како што најави првиот човек на општина Аеродром Тимчо Муцунски, во месец септември треба да отпочне со работа на нова градинка во оваа скопска општина. 

-После летниот период да отпочнеме со градежни работи на најмалку две нови градинки. Што значи дека приоритетот ни е пред се образовната инфраструктура, уличната инфраструктура, инфраструктурата поврзана со рекреацијата. Наскоро почнуваме со работа и на три нови детски игралишта, Стар Аеродром, Реонски центар, Ново Лисиче. Така да работиме сериозно, посветено, многу инвестиции во општина Аеродром кои што некои се тековни, некои наскоро почнуваме со работи кога ќе бидат создадени услови согласно соодветните процедури, информираше неодамна градоначалникот Муцунски. 

Периодов има градежни работи во основното училиште „Блаже Конески", каде има целосна промена на фасадата. При крај се и работите поврзани со проект за проширување и реконструкција на „Блаже Конески". 

Инвестициите во образовната инфраструктура исто така продолжуваат и кај основното училиште „Гоце Делчев" каде што ќе има проширување на капацитетите и реконструкција на училиштето.