Македонскиот народен театар и оваа година организира дочек за Нова година.
Задолжени за забавата ќе бидат Сашко Коцев кој со хумор стендапи ќе ги смее гостите, Бени и Нон Стоп, Биба Додева, Александар Митевски, Дамир Имери и диџејот Драган Костиќ.
Влезниците за овој поинаков дочек веќе се пуштени во продажба и можат да се набават преку официјалната страница на МНТ, а забавата ќе стартува во 21 и ќе трае до раните утрински часови.