Нова година, стари ветувања - Ќе има ли раст на платите и пензиите?

Новата година почна со старите ветувања на политичарите. 

Денеска на прес-конференција портпаролка на СДСМ Богданка Кузеска вети раст на платите и пензиите во новата 2023 година. 

-Во оваа, 2023 година, успешните економски мерки и политики ќе продолжат, 2023 година ќе бде година на економски пресврт, во која платите и пензиите ќе продолжат да растат, Веќе во март месец, следува покачување на пензиите помеѓу шест и седум отсто за сите 330.000 пензионери, рече Кузеска. 

Како што рече таа, создадени се услови за ново зголемување на минималната плата за 10 отсто со што таа ќе изнесува безмалку 20.000 денари.

-Тоа ќе придонесе за усогласување, односно раст на платите во сите сектори, вели портпаролката на СДСМ.