Нова година, стари проблеми: Граѓаните се жалат дека нема доволно автобуси

ЈСП Скопје повторно се соочува со критики од граѓаните, кои не се задоволни затоа што автобусите не биле редовни.

Граѓаните се жалат дека немаат точен возен ред затоа што приватните превозници прекинаа да возат.

- Дали знаете дека на вашата страна сè уште стои возниот ред од кога сообраќаа и приватните превозници?! Ние граѓаните немаме точен возен ред. Вие не можете да ги покриете линиите, сега и онака се ретки автобусите, па ќе сте скрателе уште толку заради зимскиот распуст, пишува во еден од коментарите.

- Зошто не објавите точен распоред за неделниот возен режим? Срамно е во 21 век, 45 минути да се чека еден автобус. Автобусот 22 во 19:45 не тргнал воопшто од Транспортен центар. За срамота, пишува патничка.

- За ништо не сте способни, напиша друг патник.