Нова година, нови насмевки, нова среќа...

Новата година е на нашиот праг, а еве нѐ нас, размислуваме што се случуваше претходната година и што следи во оваа која само што не дошла.

Секоја година има прекрасни моменти и моменти кои биле исполнети со солзи.

Секоја година животот нѐ тестира, ни дава нови луѓе во животот, некои луѓе ги брише, ни дава лекции, но и болки...

Секоја година е приказна сама за себе, секоја година е едно поглавје од оваа книга наречена живот.

И сите сме писатели на сопствениот живот. Да, судбината фрла по некој заплет, но ние го одлучуваме почетокот и исходот од тој заплет.

И нашиот живот треба да биде наша омилена книга.

Затоа завршете го ова поглавје со убав крај и подгответе се да го започнете следното поглавје со една едноставна реченица: Нова година, нови насмевки, нова среќа.

Започнете го ова поглавје со убави мисли, затоа што сите знаеме дека во секоја приказна, убавите мисли се делот кој ја украсува книгата.

Колку ќе бидат поубави мислите, толку ќе биде поубаво и поглавјето.

Па затоа, да наздравиме за оваа година којашто си оди и да и се заблагодариме за прекрасните лекции и спомени кои ни ги донесе и да и посакаме добре дојде на новата година – новото поглавје во нашата книга на животот. Да се потрудиме да биде најдобро до сега!