Нова германска инвестиција во вредност од 65 милиони евра и 700 вработувања, најави Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски за утре најави поставување на нов камен темелник на компанија којашто доаѓа од Германија. Тој притоа посочи дек ана ова му претходело двомесечна напорна работа и отстранување на сите недостатоци.

Тој информираше дека инвестицијата е отприлика 60 до 65 милиони евра, некаде околу 700 нови вработувања и дека ќе се произведуваат литиумски батерии и додаде:

„Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот, ќе биде намалена разликата односно дефицитот помеѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува бруто домашниот производ. Така што еве да почекаме до утре па македонската јавност ќе биде сведок утре“, соопшти премиерот Мицкоски.