
Вчера во 12:29 часот полициски службеници од ОВР Кратово го лишиле од слобода А.М.Б. (41) од Велика Британија.
Како што се наведува во полицискиот билтен, тој во комплексот Куклица, кратовско, спречувал инспектори од Управата за јавни приходи, кои извршувале службени дејствија.
А.М.Б. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
Јавноста пред неколку месеци сведочеше за случајот во кој токму на овој локалитет, жена од Кратово нелегално барала наплата на влезници.