Нова детска градинка во Визбегово - Костовски го потпиша договорот со кој се обезбедуваат средства за изградба

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска најави нова детска градинка во Визбегово.

„Денес го потпишав договорот со кој обезбедивме средства за изградба на нова детска градинка во населеното место во Визбегово“, истакна Костовски во објавата на Фејсбук.

Новата градинка ќе се наоѓа на просторот на старото општинско подрачно училиште „Св. Климент Охридски”, со вкупна површина од околу 560 метри квадратни.

Капацитетот на градинката ќе биде за 70 деца а, како што вели градоначалникот, целиот објект ќе биде едно ново модерно здание кое ќе ги задоволи сите потреби на малите деца.

„Во период од само неколку години, градинките во Бутел 1 и Бутел 2 се во завршна фаза и за неколку месеци ќе бидат пуштени во употреба! Заедно ја испишуваме историјата! Заедно инвестираме и градиме современи и модерни услови за нашите најмали дечиња!Затоа што вложувањето во нашите деца е влог во наша заедничка иднина“, нгласи Костовски.