Регулаторната Комисија за енергетика денеска ќе ја објави новата цена на горивата која ќе важи од полноќ. Со последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика, донесена на 7-ми месецов, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за половина денар, цената на дизелот порасна за 1,5 денари по литар.
Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит. Малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 54,00 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 42,50 ден/лит.
Откако Саудиска Арабија го зголеми производството за сурова нафта, цената на светските берзи секојдневно паѓа. Доколку нема посериозни промени на цените, за очекување е поевтинувањето да биде меѓу 2 и 2,5 денари по литар.