Нова цена на бензинот во Македонија

Со последната одлука на РКЕ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемија во просек за 1,58%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се промени односно останува на исто ниво, како што била утврдена со Одлуката од 03.09.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 74,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 03.09.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 72,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 03.09.2018 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 54,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,347 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 03.09.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 34,351 ден/кг.

Нов скок на цената на суровата нафта на светските берзи. Во моментов барел северноморска нафта од типот „брент“ на берзата во Лондон се продава за 81,4 долари за барел. 
Цената ја проби границата од 80 долари уште во понеделникот со скок од над 2 долари во само 1 ден тргување.  Цените се највисоки во последните 4 години.

Се очекува новата цена на РКЕ денеска.