Нова цена на бензините во Македонија

Со минатонеделната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика,  цената на бензините не се смени, а дизелот поевтини за 1,5 денари по литар. 

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намали за 1,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,50 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 39,00 ден/лит

 Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се промени.

Останува да видиме каква ќе биде новата цена на горивата. Одлуката ќе биде донесена денеска, а ќе важи од полноќ.