Нова библиотека во ООУ „Петар Здравковски Пенко“

Нова, опремена библиотека доби училиштето „Петар Здравковски Пенко“. 

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, на официјалната Фејсбук страница, објави фотографии од како што рече, новата, модерна, опремена училишна библиотека во ООУ „Петар Здравковски Пенко“, во Општина Бутел. 

Костовски се заблагодари на како што напиша, сите општествено одговорни пријатели на Општина Бутел и сподели фотографии од библиотеката.