Нова бесплатна интернет зона во Општина Илинден

Општина Илинден за своите граѓани обезбеди бесплатен интернет пристап во комплетна должина на пешачката и велосипедска патека Марино-Кадино.

Согласно програмата за работа, од денеска е обезбеден бесплатен безжичен интернет на патеката во целосната нејзина должина. Претходно, Општина Илинден овозможи бесплатен интернет во културните домови во Илинден, Марино, Кадино и Миладиновци, како и на фудбалското игралиште во Кадино, информираа од општината. 

Од локалната самоуправа најавуваат дека во следниот период ќе овозможат нови бесплатни интернет зони и на други на локации на територијата во општината.