Нова акција во Скопје против ноќните трки, приведено едно лице

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје продолжи со засилените сообраќајни контроли на подрачјето на Скопје со цел спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти на улиците „Џон Кенеди“, „Лазо Трповски“, „Втора Македонска бригада“, ” Христијан Тодоровски Карпош”, „Цветан Димов”, „Митрополит Теодосиј Гологанов” и булеварите „Јане Сандански”, „Партизански одреди” и „Србија”.

Така и во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 19 до 1 часот се извршени контроли и се преземени 23 прекршочни мерки (управување на моторцикал со брзина поголема од дозволената, поминување на црвено светло и други прекршоци). Едно лице кое управувало моторцикал без возачка дозвола е приведено во Полициска станица „Кисела Вода”, поради сомнение за сторен царински прекршок.

Во текот на претходната акција (08/09.05) беа регистрирани 15 прекршоци. Секторот за внатрешни работи Скопје ќе продолжи со спроведување редовни контроли за спречување на организирање и учество на диви трки на мотоциклисти во Скопје.

new nike air max 2019