Нов жител пристигна во Зоолошка - морски лав од Нирнберг

Морскиот лав Кан доби ново другарче. Вчера од Нирнберг пристигна Гете, година ипол старо морско лавче, кое ќе живее заедно со Кан.

За Гете се подготвува и ново базенче каде ќе одмара и ќе се адаптира на големиот базен.

Со морскиот лав од Германија, пристигна и неговиот зоо негувател, кој во наредните денови ќе му помогне да се прилагоди на новото живеалиште. Гете веќе е миленик на вработените, кои радосно го дочекаа неговото доаѓање и сите заедно помогнаа малиот морски лав веднаш да се опушти.