Нов земјотрес од четири степени попладнево го потресе Дојран

Нов земјотрес со јачина од 4 степени според европската макросеизмичка скала попладнево во 18 часот и 36 минути бил регистиран во близина на Дојран.

Според информациите, епицентарот на земјотресот бил регистриран на 9 километри североисточно од Стар Дојран, а на околу 144 километри југоисточно од Скопје. Тектонските поместувања се случиле на длабочина од 2 километри под земјината површина.

Земјотресот бил почуствуван и во соседните општини и населени места, како и во соседна Грција и во Бугарија.

Експертите сметаат дека ова се можни афтершокови за смирување на земјиното тло. Инаку, низа земјотреси вчера ја погодија земјава, најмногу во регионот на Дојран. Најсилниот земјотрес беше со интензитет од 6-7 степени според европската макросеизмичка скала. Потресот силно бил почувствуван од граѓаните во Стар Дојран и Струмица.