Нов „зелен коридор“ долж булеварот „8 Септември“

Уреден е нов „зелен коридор“ долж булеварот „8 Септември“, на потегот меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Зголемувањето на зеленилото на овој потег го направија екипите на Град Скопје, кои во изминатиов период уредија повеќе јавни зелени површини во различни делови од градот.

Општина Карпош во изминатиот период дополнително ги раззелени и дел од платоата во Карпош како: „Делфина“ во Влае 2, кај фонтаната во Карпош 3, платото на Млечен и Педагошка.

Исто така, во текот на пролетта беа засадени 287 нови дрвја во Карпош, во различни урбани заедници, а се работи и на зголемување на видовите на механизација за одржување на јавните површини.

Локалната самоуправа продолжува со интензивните активности за заштита на животната средина.