За сите оние кои дел од одморот би сакале да го поминат во Словенија, пристигна лоша вест, откако Парламентот на Словенија минатата седмица го усови Законот за промоција на развојот на туризмот. Новитет за тој закон е и воведување на промотивни престојувачки такси.

Основната туристичка такса за посетителите во Словенија е зголемена од досегашните 1,265 евро на 2,50 евра по ден, а од минатата седмица воведена е и промотивна такса во висина од додатни и до 25 проценти од основната туристичка такса.

Во пракса тоа би значело дека промотивната такса може да изнесува и до 0,625 евра по ден, а двете такси заедно сега туристите може да ги чини и до 3,152 евра по ден, пренесуваат словенечките медиуми.

Четиричлено семејство кое престојува во Словенија, според новите такси, ќе го чини 125 евра.

Сѐ заедно, според предвидувањата на словенечкото Министерство за земјоделство, би требало да ги зголеми туристичките приходи на окалната заедница, но и н Словенечката туристичка агенција.