Нов закон: Ако сте на пракса ќе мора да ви платат

Нов закон ќе го решава практиканството. Дали ќе успеат надлежните да го решат проблемот кој во моментов е повеќе на штета на практикантите ќе покаже времето.

Она што е најавено е дека за искуството кое ќе го стекнат младите во приватни компании ќе бидат платени а времетраењето на ангажман на практикантот ќе биде од еден до шест месеци.

Според најавите на надлежните ако практикантот е на работа повеќе од три месеци ќе мора да добие минимална плата првите три месеци ќе мора да зема 5 илјади денари.

Сепак пред да го усвојат овој закон, ќе треба да ја разрешат дилемата-дали да “препишеме“ од Европа каде како млади се водат лица од 15 до 29 години или пак границата да биде до 34 години.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев смета дека со новата законска регулатива ќе се реши и јазот меѓу знаењата и вештините, и понудата и побарувачката на пазарот на трудот. 

Анѓушев вели дека на овој начин младите полесно ќе дојдат до работа а компаниите ќе добијат кадар соодветен на нивните потреби.