Нов вкус на печената тиква

Досега не сте пробале каква печена тиква.

Photo by henry perks on Unsplash

Кралицата на есенската  и зимската трпеза, тиквата, најчесто се пече  или се користи за правење крем супа,. 

Но, ви пренесуваме интересен рецепт во комбинација од слатко, солено и луто - веруваме дека досега не сте пробале ваква печена тиква.

Состојки:

1 кг тиква

1 1/2 лажици маслиново масло

1 лажица мед

1 чешне лук

1 свежа лута пиперка

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени. Излупете ја тиквата и исечете ја на 8 кришки, а плехот обложете ја со хартија за печење. Парчињата тиква наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Измешајте маслиново масло, мед и мелени чешниња лук во сад. Добиената смеса прелијте ја врз секое парче тиква од двете страни. Печете ја тиквата околу 40 минути, повремено превртувајќи ги кришките на другата страна за да се испечат рамномерно. Кога ќе станат златно-кафеави и меки, ќе знаете дека се добро направени. Тестирајте со вилушка дали се меки.

Парчињата тиква послужете ги на чинии, па посипете ги со сол по желба и исечкана свежа лута пиперка за оние кои ја сакаат зачинета. Уживајте во оваа лесна закуска, предјадење или прилог со вашето главно јадење!