Нов успех на ФХ3Х – македонската компанија дел од „Игра на тронови“

По соработката на деветтата и десеттата епизода од четвртата сезона од популарната серија „Игра на тронови“ („Game of Thrones”), македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х, како соработници на „Диџитал симфони“ (Digital Symphony), учествуваа во креирањето на анимацијата и визуелните ефекти во седмата и осмата епизода, насловени како „The Broken Man“ и „No One”.

Предвидувањата за седмата епизода, кои ни доаѓаат од „Индепендент“ веројатно го најавуваат појавувањето на новиот член на екипата Јан Мекшејн, кој и се појавува малку пред Бриен и Подрик да сретнат гробокопач, за кој многумина мислат дека е Сандор Клеген – Хаунд.

Ова можеби е вовед во очекуваната битка на живот и смрт меѓу него и Планината. Дали е така останува да погледнеме наскоро.

Воедно македонската компанија учествуваше во креирањето на визуелната магија во новиот дел на нинџа-желките.