Нов удар - за колку ќе се покачи цената на струјата?

За увоз на струја досега потрошени над 3 милиони евра. Поради сушата АД ЕСМ во овој месец набавиле од странство над 60 илјади мегават часови, по просечна цена од 53 евра за мегават час, велат од компанијата.

- Напоменуваме дека целта на АД ЕСМ е во иднина, согласно законот за енергетика од 2018г и либерализирањето на пазарот за електрична енергија, преку својата фирма ЕЛЕМ Трејд да го развива трејдингот, односно купувањето и продавањето на електрична енергија, во зависност од цената на струјата на берзите, се вели во дописот на АД ЕСМ.

Откако Владата одлучи да ја стопира работата на хидроцентралите поради празните акумуации, недостатокот на електрична енергија се  обезбедува од надвор.

Од друга страна метеролозите не најавуваат некој промени  и најверојанто увозот на струја ќе продолжи и во следните месеци.

Но дали тоа ќе повлече ново зголемување на цената, ќе се знае до средината на декември. До тогаш ќе важи шестмесечниот договор кој АД ЕСМ го има со Универзалниот снабдувач.

Во август цената на струјата се зголеми за 7,4 проценти, со образложение дека приходите на државните енергетки компании се намалени поради пандемијата, а неопходни се инвестиции во мрежата за да се обезбеди сигурно снабдување на домаќинствата со струја.