Нов трговски центар се гради во Илинден

Почна изградбата на нов станбено-деловен комплекс во општината Илинден. Во проектот е планирано да се изградат три станбени згради и трговски центар.

Инвеститорот „Унија клуб“ изјави дека целосната инвестиција изнесува 7,5 милиони евра и дека трите станбени згради ќе бидат со приземје, 5 ката и поткровје, со 170 станови со површина од 45 до 155 квадратни метри, како и трговски центар на три нивоа, со површина од 1.900 квадратни метри.

Целта на општината е да им излезе во пресрет на своите граѓани, да го урбанизира просторот и да создаде услови за индивидуално и колективно домување во согласност со стратегијата за локален економски развој.