Нов тренд кај Македонките: Гаќи со перничиња на задникот за поголема позадина

Македонките постојано чекорат кон нешто ново и модерно.

Овој моден тренд од неодамна се појави во Македонија па девојките постојано бараат гаќи со перничиња од позади кој нивниот задник ќе го направат поголем. Задникот „Кардашијан“ веќе одамна е влезен во мода, па се повеќе девојки целат кон изглед со што поголеми атрибути.

-Во последните месец дена има огромна побарувачка. Моравме да го зголемиме асортиманот. Прво имавме само еден тип на гаќи, а сега имаме дваесетина. Се разликуваат по дебелината на силиконите, дали се со висока или ниска половина, каков им е дезенот и бојата, вели една продавач.

Цената им се движи од 500 до 1000 денари, а доколку сакате комплетно да изгледате како песочен часовник, можете да купите и силиконски градник, со кој ќе го зголемите деколтето.