Нов терен со вештачка трева во скопско Ѓорче

Општина Ѓорѓе Петров отпочна со поставување на нов терен со вештачка трева на вкупна површина од 800 метри квадратни.

- Како никогаш досега ја градиме инфраструктурата за спорт, обезбедуваме услови за спорт и рекреација на сите генерации! Историски најголем инвестициски циклус на општината во објекти за спорт. Досега ги изградивме: детски фудбалски терен на ул. Македонска Војска, нов терен со вештачка трева во ООУ Димитар Поп Ѓоргиев Беровски, нов мултифункционален терен во ООУ Димитар Поп Ѓоргиев Беровски, тартан подлога на спортски центар Геге, тартан подлога на спортски центар Бранители, соопшти градоначалникот Александар Стојковски, а најави и дека се гради спортска сала во Хром.

- До крајот на наредната недела ќе има уште еден вештак во дворот на ООУ Мирче Ацев, додаде Стојоски.