Од деветте пациенти на Клиниката за инфективни болести шест се во стабилна состојба, додека пак кај тројца има лесно влошување на состојбата и имаат отежнато дишење, но нема потреба од респираторна поддршка, ова денеска преку прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче.
-Тројцата пациенти се во повозрасна категорија и сите тројца се над 65 години. Во текот на ноќта немаше тестирано пациенти, но утрово е јавен еден пациент кој на 7 март од Германија дошол здрав и заради висока температура денеска се јавил на Инфективната клиника и ги очекуваме резултатите, рече Филипче.
Тој додава дека за истите во текот на денот ќе биде информирана јавноста.