Нов сој на ковид е откриен во Франција

Во Франција е откриен нов сој на коронавирусот. 12 пациенти во ист регион беа позитивни, а нивните тестови покажаа „нетипична комбинација“.

Експертите се сомневаат дека случајот можеби дошол од Камерун, затоа што првото заразено лице пристигнало од патување од таа земја. Тие рекоа дека идентификувале 46 мутации во оваа варијанта која го добила името Б.1.640.2.

Неговото присуство први го открија експерти на „IHU Mediterranee Infection“ во Марсеј. Претходно овој месец тие на својот Твитер објавија дека откриле нова варијанта кај пациенти со ковид.

Она што ја прави варијантата поопасна е нејзината способност да се репродуцира.