Нов случај: Воспитувачка во градинка позитивна на Ковид-19 – две деца испратени во самоизолација

Воспитувачка во градинката „Младост“ во Тетово позитивна на Ковид-19, дознава ТВ21.

Освен неа, во изолација се испратени и две деца за кои се грижела, иако тие сега за сега не покажуваат знаци на вирусот. 

Нејзината здравствена состојба е добра, информираат од ТВ21.

Во Тетово денеска се регистрирани 13 нови случаи на Ковид-19. Инаку, од отворањето на градинките во Тетово позитивни на коронавирус излегоа две негувателки.