Нов случај, 12 месечно дете заразено со морбили

12 месечно дете од Чаир со морбили вчера било хоспитализирано на Инфективна.  Од почетокот на епидемијата во Скопје регистрирани се 66 заболени од мали сипаници, соопшти Институтот за јавно здравје.

Според возраста најголем број се деца до 4 години, кои не биле вакцинирани. Највозрасниот пациент е на 42 годишна возраст, родител на едно од децата, а најмалиот е 8 месечно бебе.  По општини најмногу заболени има во Аеродром и Бутел. Случаи со морбили регистрирани се речиси во сите скопски општини.

На Инфективната клиника биле лекувани 42 лица, а во моментот на болничко лекување се 30-тина пациенти кои не се животна опасност.

Од министерството за здравство информираа дека од почетокот на вонредната имунизација до денес вакцинирани се 3350 лица.

Наместо од денес поради пролонгирањето на зимскиот распуст теренската вакцинација во училиштата ќе почене на првиот училишен ден, најверојатно во среда.