Нов протест во петок: До крајот на годинава да се воведе забрана за увоз на отпад

Сегашниот, а и новиот предлог-закон за управување со отпад дозволува увоз на отпад што може да се користи како извор на енергија! Усје увезува отпад од странство легално и го согорува во своите печки Легално како извор на енергија!, реагираат од Иницијативата О2 и бараат да се воведа забрана за увоз на отпад.

- Затоа бараме до крајот на годинава да се воведе забрана за увоз на отпад како извор на енергија! Ова е едно од барањата доставени на протестниот марш од 29.11.2019.

- Петок, 20ти во 17ч пред МЖСПП, 18ч пред Влада протестен Марш за нашите животи! Стоп за 3 500 жртви од загадениот воздух!
Дојди, приклучи се оваа власт да ги исполни барањата за СТОП на еколошката катастрофа и воведе забрана за увоз на отпад кој може да се гори!, велат од О2 од каде воедно и го најавија следниот протест.