Нов протест во Ѓорче Петров против бетонизацијата на населбата

Жителите од неформалното здружение против урбаното дивеење во Ѓорче Петров денеска повторно на протест, овојпат од нивните автомобили.

Тие ќе излезат на улиците на мирен протест, во колона од 40-50 возила, почнувајќи од Камин Кама кон улицата Радушка, со почеток во 12 часот. 

„Иницијативниот одбор за протести на Ул. Радушка истакнува дека граѓаните ќе протестираат поради урбанистичкиот хаос и недозволени градби. Конкретно станува збор за изградба на објект кој што е до самата пруга без да се почитува законското решение кое пропишува изградба на објект на далечина од 20 метри. Со овој протест ќе побараме општината Ѓорче Петров да почне да работи на терен и да расчисти со урбаниот хаос што се случува во нашата општината“, се вели во нивната најава.