Нов протест на исклучените од Топлификација пред ОЈО

Исклучените од Топлификација денеска од 12 до 14 часот пред Основното јавно обвинтелство во Скопје ќе одржат вонреден протест.

Како што се наведува во најавата за протестот, „причината е непостапување по ниедна од стотиците кривични пријави или допрен глас за организираниот криминал на монополот БЕГ (Топлификација, Водовод) со нотари, судии, извршители и банки“.

„Поради глувоста на ОЈО одлучивме пред нивното седиште јавно со мегафон да им ги прочитаме имињата на вмешаните лица во овој криминал и да им објасниме на обвинителите како тие системски ги прекршувале Уставот и Законите на Република Македонија“, велат организаторите во повикот.