Нов простор за спорт, рекреација и едукација во скопски Аеродром

Реконструкцијата на полигонот во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром е во завршна фаза и ќе биде отворен за спорт и рекреација на сите млади луѓе од општината со самиот почеток на учебната година, информираа од локалната самоуправа на општината. 

Според предвидениот план, полигонот ќе биде и од едукативен карактер, при што ќе бидат поставени 68 сообраќајни знаци, хоризонтална сигнализација на површина од над 166м2, како и хортикултурно уредување на целиот простор.

- Работиме на обезбедување на најсовремени услови за образование, спорт и рекреација за најмладите во општината. Истовремено, апелираме до граѓаните да покажат разбирање и да го избегнуваат користењето на тревните површини околу полигонот, со цел учениците да имаат пристап до содржините во најбрз можен рок, порачаа од општина Аеродром.