Нов профил се појави на социјалните мрежи од ученици - хулигани

Нов профил осамна  на социјалните мрежи по примерот на претходните два, каде ученици се однесуваа недолично на часови, а потоа ги објавуваа видеата. Новата група  „Crazy.school.videos.mkd “ има речиси идентично име како и претходната. Засега нема објавени видеа, а ја следат 29 ученици. И додека трендот продолжува, министерството за образование и наука не открива кои се училиштата каде тинејџерите дивееле.

Од МВР се уште нема одговор кој бил креатор на претходните два профили, ниту дали ги идентификувале ученици. Не одговорија  ниту дали се запознаени дека постои нов профил.

Претходниот, на македонски јаизк го следеа над 15.000 ученици,а беа објавени 131 видео. По скандалот, истиот беше експресно избришан, а повеќе не постои ниту Crazy.school.videos.balkan“. За разлика од нив, фигурира Crazy.school.videos.sga на германски јазик, на кој има само 6 видеа и 198 корисници