Нов под и енергетска фасада во објектот „Чекорче“ градинката „Срничка“ во Аеродром

Деновиве во внатрешниот дел на објектот „Чекорче“ на градинката „Срничка“ во општина Ародром се изведуваат реконструктивни зафати.

Станува збор за замена на стариот дотраен под со нов современ антибактериски ПВЦ-под. Исто така, се обновува и надворешноста, односно фасадата, која ги задоволува сите стандарди на енергетска ефикасност.

„Како општина, обезбедуваме подобри и попријатни услови за престој на децата во градинките. Со овие зафати, објектите во Аеродром со право го носат епитетот на современи функционални градинки“, изјави градоначалникот Марин.