Нов плоштад ќе се гради спроти студентскиот дом Гоце Делчев

Општина Карпош најави дека планира изградба на нов плоштад кој ќе го носи името „Пецо Божиновски Кочо“ и ќе се наоѓа спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Тафталиџе. На местото на веќе постоечкиот парк, според планот треба да се изгради фонтана, пешачки патеки и да се постави нова урбана опрема.

Општината веќе подготви сретства за реализација на проектот во висина од речиси 25 милиони денари. Според договорто кој треба да биде склучен со компанијата „Лутарико“, плоштадот се очекува да биде завршен за 12 месеци. Од Општината најавуваат реализација на слични, веќе подготвени проекти на неколку локации. Познато е дека се зборуваше за плоштадот во Жданец, но сеуште нема ништо од почеток на градежни работи на тоа место.