Нов паркинг - простор добија жителите од Ѓорче Петров

Во близина на пазарчето во населбата Ѓорче Петров е пуштен во употреба целосно нов паркинг простор.

Од општината информираат дека со ова е решен долгогодишен проблем на жителите, особено на посетителите на пазарот кои доаѓаат со возила.

„Улицата “Новопроектирана 1” досега беше многу често блокирана од времено паркирани возила, а сопствениците се соочуваа со проблемот, подигање на возила од страна на пајак-службата. Новоизградениот паркинг кој е пуштен во употреба минатата недела ќе овозможи непречено паркирање и за купувачите, и за сопствениците на тезги во пазарчето“, велат од Општина Ѓорче Петров.