Нов парк спроти „Сити мол“ во Карпош

Нов парк никна спроти „Сити мол“. Новата хортикултурно уредена зелена површина помеѓу булеварот „Партизански одреди“ и улица „Љубљанска“ се протега на површина од 5.960 квадратни метри.

– За уредување на оваа зелена површина донесена е плодна земја, а површината е грубо и фино испланирана. Исто така е извршен ископ на канали каде што се постави пастична црева Ф2-400м за главна мрежа. За наводнување на зеленилото се поставени осум хидранти, десет главни шахти, две шахти за систем капка по капка, како и 86 поп-ап прскалки. За реализација на овој проект се потрошени 3.716.018 денари – информираа од Град Скопје.