Нов одлив на доктори од скопските клиники - се заканува колабирање на Клиниката за детски болести

И се заканува ли колабирање на Клиниката за детски болести поради одлив на кадар? Лекарка од одделот за онкологија веќе поднела оставка а уште 4 според информации на Сител планираат да ја напуштат оваа здравствена установа и да работат во приватни болници или во странство.

Од менаџментот на клиниката ни потврдија само за дел од лекарите, но не добивме одговор што ќе се случи ако Интензивна остане без двајца специјалисти а помалку лекари ќе има и на одделите за неврологија и кардиологија. Министерот за здравство по разговорите што ги имал со дел од специјалистите е убеден дека ќе ги разубеди да останат во јавното здравство.

-Нема да напуштат, разговарав со нив до мене не стигнала информација за 5 јас зборев со две и начелно постигнавме договор дека ќе останат а ние ќе направиме се за унапредување на едукацијата, вели Венко Филипче, министер за здравство.

И додека министерот е оптимист, лекари од детска кои сакаат да заминат, неофицијално за Сител велат дека ништо не е договорено. И Не само од Клиниката за детски болести туку намалување на ресурсите ќе има и од други установи доколку надлежните ја реализираат идејата детската кардиохирургија како јавно приватно партнерство да биде префрлена во приватна болница.

-Размислуваме како јавно приватно партнерство да бидфе детсдка кардиохирургија во приватна болница со цел да ги споиме ескпертизата и условите што ги нудат приватните болници, вели Филипче.

Зголемувањето на платите за 5 проценти на здравствените работници очигледно не е доволна за задржуваење на кадарот. Иако Министерстовото додели над 260 специјализации и субспецијализации, треба да поминат најмалку 5 години додека овие специјалисти ги пополнат испразнетите места во клиниките.