Нов напад од куче во Скопје - девојче заврши во болница

Куче нападна 15-годишно девојче од Скопје.

Како што информираат од МВР, вчера во 13.15 часот М.Н. (40) од Скопје пријавила дека на 20.12.2017, додека нејзината 15-годишна ќерка се движела со нејзината другарка по сервисната улица на бул. „3-та Македонска Бригада“ во Скопје и се приближило куче и ја каснало во пределот на десната и левата подколеница.