Нов модерен трговски и станбен комплекс ќе „никне“ позади „Рамстор“

Трговски и станбен комплекс, составен од 4 дваесеткатници ќе „никне“ позади „Рамстор“. Турската компанија „Лимак“, на денешниот брифинг ја информираше јавноста дека наскоро ќе започне со реализација на долгоочекуваниот проект вреден 250 милиони евра. За прв пат во Македонија, турскиот гигант од областа на градежништвото и туризмот ќе реализира проект со кој Скопје ќе добие уште еден трговски центар од модерен тип, хотел, станбен павиљон и подземен булевар кој се споменува веќе неколку години. 

Компанијата која во Турција ги има изведувано некои од најкомплексните инфраструктурни проекти, го стопанисува меѓународниот аеродром во Приштина, сега ќе влезе на македонскиот пазар како инвеститор. Од она што го соопштија челниците на компанијата „Лимак“, градежнтие работи се веќе во тек и се работи на подготвување на теренот за големите ископувања кои допрва ќе следат.

Во строгиот центар на Скопје, помеѓу улицата „Јордан Мијалков“ и „Јужен булевар“ ќе се реализира најголемото отворено ископување. 14 метри под нивото на улицата ќе пробие првиот подземен булевар. Над него, ќе се исправат 4 дваесеткатници во кои ќе биде сместен трговско-деловен комплекс, станови како и пешачка зона долга 900 метри. Подземниот булевар е замислено да има вкупно 6 ленти, како и простор за евентуално поставување на трамвајски шини. 

Прецизно, датумот на официјалниот старт на проектот ќе биде обелоденет од страна на компанијата „Лимак“ наскоро, како и крајниот рок за финиширање на проектот. Како што е познато, концептот на подземна улица се споменува од страна на градските власти веќе извесно време. Просторот кој со години зјае празен, ќе биде исполнет со нова и модерна содржина каде Скопјани ќе можат да пазаруваат и уживаат. Проектот ќе биде во целосна координација со Министерството за транспорт и врски и Град Скопје. Подземниот булевар, ќе се спои со останатите улици преку два кружни тека едниот на крстосницата кај „Нова Македонија“, а другиот на местото на надвозникот кај Црниче. 

nike air max 1 sale