Нов кров на ОУ “Адем Јашари“

Завршена е реконструкцијата на кровот на основното училиште “Адем Јашари“.

– Во текот на целиот овој период којшто несомнено е тежок за сите нас, паметот и душата не можеме да ги тргнеме од гнездата на знаењето и важната мисија за постојано подобрување на училишната инфраструктура. Со многу волја продолживме со работа и успеавме да извршиме целосна реконструкција на кровот на основното училиште “Адем Јашари“ за враќањето на учениците и наставниците во местата на знаењето да го доживееме како триумф на напредокот – објави на Фејсбук, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.