Нов Кориснички енерго центар на ЕВН Македонија во Битола

ЕВН Македонија го отвори новиот Кориснички енерго центар во Битола за корисниците во овој реон. Новиот објект е лоциран во населбата Боримечка на површина од близу 1000 м2 и е направен согласно ЕВН стандардите, со целосно подобрена организација за опслужување на поголем број корисници истовремено.

Соодветниот паркинг простор овозможува и полесен пристап до КЕЦ-от, а општите и специфични услови за работа на вработените се надградени. На свеченото отворање на присутните им се обрати претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Штефан Петер . „ ЕВН Македонија постојано ги надградува услугите за своите корисници со што овозможи висок стандард во опслужувањето. Но и покрај модерните електронски услуги, постојат одредени услуги за кои нашите корисници сакаат да се обратат во КЕЦ-от, истакна г. Петер.

Отворањето на новиот Кориснички енерго центар на ЕВН во Битола е дел од стратегијата за постојано унапредување на односите со корисниците.

Ова е местото каде што секој корисник треба да се чувствува добредојден, додаде Петер. Во последните седум години, ЕВН Македонија инвестираше близу 5 милиони евра во дистрибутивната мрежа во реонот на Битола.

Реконструирани или изградени се нови 50 трафостаници на средно и ниско напонско ниво, како и мрежа во должина над 190 км. ЕВН Македонија ќе продолжи со спроведување на мастер планот во кој значајни средства за нови инвестиции се одвоени за Битола и соседните локални заедници.