Нов комерцијално-деловен објект во Гази Баба, од 800 до 1000 нови работни места

Започна со градба на нов комерцијално-деловен објект во Гази Баба.

Градоначалникот Тони Трајковски, генералниот директор на Мак АутоСтар, Зоран Марковски и заменик амбасадорот на Германија во Р.Македонија, Марко Акватичи поставија камен темелник за изградба на новиот комерцијално-деловен објект на Мак АутоСтар кој опфаќа 12.000 метри квадратни, во кој ќе бидат изградени 7 надземни и 3 подземни нивоа

На настанот градоначалникот Трајковски и генералниот директор на мак Аутостар и германскиот амбасадор во Макеоднија, разговараа за идните планови и развој на оваа компанија како и можноста за поврзување и соработка на бизнис клубот на општина Гази Баба со Македонско германската комора.

Меѓу другото со изградбата на овој комерцијално- деловен комплекс на подрачјето на Гази Баба ќе се овозможат од 800 до 1000 нови работни места.