Нов херој од Специјалната олимпијада на Македонија: Ардијан освои сребро и бронза

Нов херој на денот, соопштија од Специјалната олимпијада на Македонија, откако вчера две момчиња освоија златни медали на Светските летни олимписки игри Абу Даби 2019.

Денешниот херој е атлетичарот Ардијан Шабани кој заедно си неговиот тренер Играим Љута, освои два медали во две трки, сребро на 25 метри и бронза на 50 метри.