Нов дрворед со јапонска цреша ќе го разубавува булеварот „Теодосиј Гологанов“

На булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ засаден дрворед од украсни садници од видот јапонска цреша, информираа надлежните од Град Скопје. 

-Посветено работиме на подигање и уредување на зелени површини во градот, согласно приоритетите од планираните проекти, при што Град Скопје и Јавното претпријатие Паркови и зеленило со својата екипа продолжува со активности и во периодот што следи, за обновување на зелените површини, подигнување ново зеленило и ново партерно уредување, велат од Градот Скопје. 

Но, забелешка пристигна од еден скопјанец кои им упаси добронамерна критика на надлежните. 

-Убаво во секој случај, секое садње дрва го поддржувам, имам само една примедба, што садите неавтохтони дрва во Македонија, тешки се за одржување, лесно се сушат во ова наше поднебје и бараат многу, многу нега, за да опстанат тука. Наместо тоа садете автохтони дрва, кои бараат помалку нега и внимание, како липа, багрем, бреза итн.Ем подолго ќе траат, ем нема големи човечки и др.ресурси да трошите за нивна нега, им порача овој граѓанин.