Нов дрворед со 300 дрвја во општина Сарај

Акцијата за засадување нови дрвја и за обновување на дрворедите во Скопје денеска продолжи со засадување нов дрворед по должината на улицата Сарај, во општината Сараj.

- На потегот од мостот на реката Вардар до раскрсницата кај Езеро Треска се подигаат нови дрвореди, во кои ќе бидат засадени над 300 висококвалитетни садници од видовите јасен и јавор. Веќе засадивме 100 садници, а во наредните денови ќе бидат засадени уште 200 садници. Оваа есен фокусот го ставаме на обновување на сите постојни дрвореди на територијата на градот и на подигање нови. Во изминатиов период подигнавме нов дрворед на Бит-пазар, а реконструиравме голем број постојни дрвореди кои беа уништени поради нерационалноста на претходната градска власт. Исто така, речиси 500 пенушки на градските сообраќајници оваа есен ќе бидат отстранети и на нивно место ќе се засадат нови здрави садници. Новите садници во дрворедите ќе бидат засадени внимателно, грижливо, со автентични видови какви што претходно имало на истото место – рече на денешната прес-конференција портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.