Нов асфалт и велосипедска патека за „Ѓорче Петров“

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, придружуван од Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски и директорот на ЈП„Улици и патишта“ извршија инспекција на градежните работи кои се одвиваат во рамки на реконструкцијата на улицата „Ѓорче Петров“ во истата општина. 

Сообраќајницата е во поголема мера реконструирана, во должина од 1 300 метри, односно од објектот во кој е сместена Општина Ѓорче Петров, до кружниот тек пред трговскиот центар „СП Планет“.

Нов асфалтен слој од 5 сантиметри доби коловозот, а во моментов се работи на велосипедската патека. Реконструкцијата чини 21 милион денари, а ќе допринесе за поголема безбедност на сите учесници на сообраќајот. Улицата „Ѓорче Петров“ е главниот влез во Скопје за патниците кои доаѓаат од правец на Тетово.