Нормализиран сообраќајот на скопската обиколница по денешната сообраќајка

Нормализиран сообраќајот на скопската обиколница по денешната сообраќајна несреќа, поради која сообраќајот во овој дел од градот беше во прекин.

Денеска (24.10.2025) околу 13:30 часот е нормализиран сообраќајот на скопската обиколница, кој беше во прекин од 09:00 часот поради сообраќајна несреќа кај клучка Хиподром, исклучок кон Куманово, каде товарно возило „мерцедес“ удри во банкина, информираа од МВР.